Репрезентацијата на Македонија до 17. години на чело со селекторот Вујадин Станојковиќ загуби на вториот тест дуел против соодветната селекција на Албанија на дуелот одигран во Елбасан.
Мечот заврши 2:0, а ние според извештајот може да жалиме за пропуштените шанси. Првиот дуел одигран во Струга, заврши со реми 3:3.
Македонија: Фљакрон Мемиши, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Никола Стојковски, Алмир Подграѓа, Мухамед Елмас, Мартин Јовановиќ, Алтин Алији, Никола Манојлов, Нуман Ајетовиќ, Амар Хаџибулиќ;