Кошаркарите на ЛА Клиперс ја совладаа Јута со 132-106 и намалија на 2-1 во полуфиналната серија во Западната конференција.
Од самиот почеток домаќините имаа предност, делуваа делуваа подобро на теренот, па беше јасно дека Јута тешко ќе го добие овој дуел. Клиперси по првата четвртина имаа 27-23, додека на полувремето позитивата беше 64-49.
Најефикасен во победничкиот табор беше Кавај Леонард со 34 поени, 12 скока и пет асистенции, зад него беше Пол Џорџ со 31 поен, пет асистенции и три скока. Кај Јута Митчел имаше 30 поени.