Остануваат само уште неколку часа до почетокот на првиот меч во историјата на Македонија на ЕП. Во Букурешт “врие“ од Македонци, секако против Австрија нашите момци од трибините ќе ја имаат поддршката.
Инаку фудбалска Македонија полека се загрева пред овој историски меч. Ја праќа од тука кон Букурешт сета своја позитивна енергија, стискат палци фановите кои поради ограничениот број на билети не можеа да отпатуваат во главниот град на Романија.
Со оглед на тоа дека денов е фудбалска историја за Македонија, вреди да се загрееме со химната за ова ЕУРО…
Одиме момци, одиме на ПОБЕДА…
„Црвено – жолти јунаци, наши храбри `рисови`, за целата наша нација….НЕКА СЕ ПЕАТ ОВИЕ СТИХОВИ….