Хендерсон на местото на Филипс во репрезентацијата на Англија

125

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон навреме се опорави од незгодната повреда, поради која ги пропушти последните три мечеви за својот тим и му се приклучи на националниот тим на Англија за мечевите против Италија односно Германија.

Хендерсон влегува како алтернатива за Калвин Филипс од Манчестер Сити кој отпаѓа од конкуренција поради повреда на рамото.

Капитенот на Ливерпул вчера пристигна во базата „Сент Џорџ“ и според англиските медиуми, големи се шансите да биде дел од натпреварот против Италија во Милано кој се игра в петок. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде зелено светло за тоа да се случи бидејќи сака Хендерсон да биде во врвна форма кога ќе продолжи Премиер лигата со своите активности.

ПретходноЈани Атанасов: Се надеваме на три бода од Тбилиси!
СледноКамерунецот „кине“ мрежи во ПМФЛ: Нгоба е “бомбардерот“ на Тиквеш!