Еве зошто Масимилијано Алегри, барем засега, нема да добие отказ од Јуве и покрај тоа што тимот е во невидена криза и што игра катастрофално од стартот на сезоната.
Имено во случај Алегри да добие отказ, тогаш Јуве ќе мора да му плати отштета во висина од 36 милиони евра. Оваа шокантна вест е ударн во текот на денешниот ден во медиумите во Италија.
Таква клаузула има во договорот на Алегри со гигантот од Торино, и токму затоа Андреа Ањели не ни помислува да го менува својот тренер, иако на тоа инсистира директорот Павел Недвед. Тие 36 милиони евра се преголема сума и за клуб каков што е Јувентус.