Русија нема да се најде на ждрепката за квалификаците за ЕП 2024 во Германија. Имено ждрепката е закажана за 9 октомври во Франкфурт, по кој ќе се знаат квалификациските групи за ЕВРО 2024 кое ќе се одржи во Германија, и во барабаните ќе ја нема селекцијата на Русија.
Оваа вест ја сподели првиот човек на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко, а се очекува официјализирање и од страна на првите луѓе на УЕФА.
Познато е дека по агресијата врз Украина, УЕФА и ФИФА, а сите спортски асоцијации, ја суспендираа Русија од сите можни натпреварувања. Поради агресијата Русија нема да учествува на СП во Катар 2022, нејзините клубови не настапуваат во европските натпреварувања, а ако не биде на
ждрепката на 9 октомври во Франкфурт, тогаш тоа значи дека нема да игра и на ЕВРО 2024.