Фудбалската федерација на Македонија организатор на семинар за женски судии!

125

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА организираше женски судиски семинар (теорија од правила на фудбалската игра).

Семинарот беше одржан во Хотел Хилтон. Предавач и инструктор на семинарот беше членот на судискиот одбор на Уефа, а воедно и одговорна за женските судии во Европа, Дагмар Дамкова од Чешка.

Женските македонските судии имаа можност одблизу да се запознаат со методите на работа кои се користат и се применуваат на меѓународните натпреварувања под капата на Уефа. 

Фудбалската федерација на Македонија за првпат организираше семинар за нашите женски судии.

ПретходноРеакција на ФК Гостивар: Нашите фанови не се хулигани, провокаторите се виновни за инцидентот!
СледноОфицијално: Давид Бабунски е нов член на Мезоковесд!