Де Лихт: За разлика од Јувентус, Баерн сака да ја освои ЛШ

150

Холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт достава сол на раните на Јувентус после катастрофалните резултати во последните неколку недели. Де Лихт од 2019 до 2022 година играше за Јувентус, а потоа премина во Баерн за 67 милиони евра. Тој даде свое гледиште на работите во Јувентус, а направи и споредба со Баерн.
Поминав убав период во Јувентус, но почувствував дека ми е потребен нов предизвик. Јуве е голем тим, но трансферот во Баерн беше голем чекор напред за мене. Зошто? Затоа што Баерн има амбиции да ја освои ЛШ. Тоа не го почувствував во Јувентус“, изјави Де Лихт.
Јувентус ја нема освоено ЛШ уште од 1996 година, три години пред да се роди Де Лихт. „Старата дама“ оваа сезона тргна лошо, победи само два пати, а во последното коло изгуби од Монца. Тренерот Макс Алегри е под сериозни критики за својот стил на игра.
Баерн Минхен е поблиску до филозофијата на холандската репрезентација. Задоволен сум од тоа како поминаа првите два месеци“, додаде Холанѓанецот.

ПретходноБрегалница си закажа пријателска со Пирин во Благоевград!
СледноСе враќа во италијанската репрезентација после пет години