“Бомба“ во најава: Кејн во Челзи а Лукаку во Тотенхем!

227

Бомба“ во најава или вест за фудбалските кулоари? Имено како што пренесува “Калчомеркато“, новиот тренер на Челзи, Греам Потер го сакал по секоја цена Хари Кејн, капитенот на Тотенхен и репрезентацијата на Англија. Потер имал и план, во јуни тој во Тотенхем ќе го прател Ромелу Лукаку, а на “Стемфорд Бриџ“ би дошол Кејн, за тоа и морало нешто да се доплати.

Сепак овој „трејд“ колку е остварлив останува да се види, но факт е дека Лукаку во Интер е на позајмица, тој не е посакуван од страна на луѓето во Челзи, па затоа тие прават се што треба да се ослободат од него.

А се знае дека Лукаку најдобро играше во својата кариера токму кога тренер му беше Антонио Конте во Интер, инаку сега тренер на Тотенхем.

ПретходноМакедонија летна за Тбилиси: Одиме по три бода! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноКанаваро стана тренер на тим од Серија Б