Емотивно збогум на Горан Пандев: Ова беше неверојатно патување, ви благодарам на сите!

194

Горан Пандев и официјално страви крај на играчката кариера. Поранешниот капитен на македонската репрезентација својата одлука ја соопшти за италијанските медиуми, а преку социјалните мрежи кратко се огласи, а сето она што го градеше како играч низ годините.

„Погледнувам назад и се уште не ми изгледа реално. Тоа беше неверојатно патување. Толку многу емоции носам во себе и сакам да ги споделам со сите што ме поддржуваа во оваа патување….Им благодарам на моето семејство сопругата Надица, децата Филипо, Ана и Софиа кои ми беа нај големата поддршка…Им благодарам на моите родители и на мојот брат што ми овозмозија да го остварам мојот сон….Им благодарам на менаџерската агенција Бранкини, без вас не ќе можев да го направам сето ова….Им благодарам на сите тренери претседатели, директори за нивната доверба и за се што научив од нив…Им благодарам на сите мои фанови од прв до последен сакам сите да ве гушнам….Завршува едно прекрасно поглавје….Во мене носам едно големо богатсво на емоции и среќен сум што го споделив со вас…Со цело мое срце….Горан“, пиша Пандев, сето ова го покрепи со видео-запис. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

ПретходноСавевски објави 19 имиња за двомечот со Норвешка!
СледноВили Сањол: Пред почетокот на натпреварите Македонија беше најдобриот тим во групата!