Во Манчестер Јунајтед размислуваат дали да го сменат првиот чувар на мрежата Давид де Геа. Според „Телеграф“ клубот е во дилема дали да го обнови договорот со него кој му истекува на крајот на оваа сезона. „Црвените ѓаволи“ имаат право да ја активираат клаузулата за продолжување на соработката до 2024 година, но проблем е високата плата на Шпанецот -околу 350.000 фунти неделно.
Де Геа веќе 11 години е на „Олд Трафорд“, а наскоро ќе наполни 32 години.
Ако Јунајте одлучи да се ослободи од Де Геа тогаш меѓу стативите веројатно ќе го донесе англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд од Евертон.