Прилеп со први бодови, Тиквеш фуриозно низ Скопје

85

Прилеп ги освои првите бодови оваа сезона, откако на гостувањето кај Струга одигра реми 25-25. Гостите имаа шанса да си заминат со целиот плен, Блажевски го постави конечниот резултат на оваа средба од третото коло во групата А.

Ова беше доста интересен натпревар, во кој водството се менуваше постојано, по првото полувреме Струга имаше водство од два гола (14-12). Прилеп ја подобри одбраната по одморот, со серија од 5-0 и поведе 17-21. Сепак домаќинот успеа да се врати и да урне отпорот, па дури на крајот да земе бод.

Гавашелишвил имаше осум гола кај гостите, Бугариновиќ и Костоски реализираа по шест гола.

Во групата Б, Тиквеш ја запиша третата победа оваа сезона, откако без проблем славеше на гостувањето кај Скопје со 20-29, кој пак го запиша третиот пораз.

Овој дуел беше решен по првото полувреме, во кое избраниците на Данило Брестовац набилдаа предност од седум гола (11-18). Симиќ со девет гола беше нерешлива енигма за противникот, Дрогришки со пет погодоци беше втор стрелец кај победникот. Во редовите на Скопје, Барјактаревиќ, Јакимовски и Трајковски имаа по четири гола.

ПретходноЈунајтед размислува да се откаже од Де Геа и да донесе друг голман
СледноВардар и Алкалоид со последен поздрав: Почивај во мир Доне (ФОТО)