Саутгејт на удар на јавноста по поразот од Италија: Tимот ја изгуби креативноста и нема мотив…

148

Англиската репрезентација доживеа пораз од Италија и испадна од А лигата на Лигата на нациите, селекторот Герет Саутгејт се најде во оган. Серија на критики поради изборот на фудбалери и лошата игра на националниот тим во последно време.
„Треба се да поправиме. А единствениот начин е да се држиме до она во што веруваме, што ни донесе успех на претходните турнири. Играчите треба да останат фокусирани. Ќе има многу време, но ќе биде околу мене и тоа е сосема нормално. Јас ја преземам одговорноста за овој пораз. Ја разбирам и реакцијата на навивачите по мечот, на овој турнир (Лигата на нациите) имавме лоши резултати, па за мене разбирлива е таквата емотивна реакција“, изјави Саутгејт.
За разлика од него, италијанскиот селектор го ублажува ударот со изјава дека Англија и покрај поразот е една од најдобрите селекции во светот и има шанса да го освојат СП.
Но навивачите не веруваат во тоа. Фудбалските експерти незадоволни, навивачите исто така па ги критикуваат неговите одлуки.
На пример Гери Линекер смета дека на тимот на Саутгејт му недостига креативност.
Само како потсетување дека најкреативниот играч од средниот ред на Англија, Џејмс Медисон не влезе во игра, а на најкреативниот англиски фудбалер Трент Александер-Арнолд му се здрви задникот на клупата, па постојано го чешаше за да не го боли“, се потсмеваше Линекер.

И екс-играчот на Челзи и Ливерпул, Џо Кол е фрустриран од поразот.
Овој тим има карактер, има личност, но го загуби патот во последните пет-шест натпревари. Саутгејт мора да размисли што работи, да го одбере вистинскиот тим“, изјави Џо Кол.
И поранешниот дефанзивец на Вест Хем Метју Апсон смета дека испаѓањето од ЛН за овое играчи е сол на раната.
Според мене тимот ја изгуби кохезијата и креативноста“.

Не знам дали последните резултати се одразија на состојбата на играите, но тимот немаше ритам и стабилност. Се согласувам дека Англија изгледаше солидно во одбрана и не дозволи многу шанси пред својот гол, но на само два месеци пред СП играа доволно смело и самоуверено? Ова не е хеви метал фудбал и никогаш не ни постоел под водство на Герет“, изјави екс-англискиот репрезентативец Крис Сатон.
И навивачите се критични расположени. Тие не веруваат дека тимот под водство на Саутгејт ќе блесне на СП во Катар и ќе отиде до самата завршница. Доста го искритикуваа и Хари Мегваер, поточно одлуката на Саутгејт да го стави дефанзивецот во првиот тим на Англија, а во Јунајтед е седнат на клупата. Тие исто така побараа оставка од Саутгејт…

ПретходноВардар и Алкалоид со последен поздрав: Почивај во мир Доне (ФОТО)
СледноРусите одиграа натпревар по речиси една година, следен пртивник БиХ