Ѓоковиќ со една реченица за Федерер ја воодушеви публиката!

1072

Новак Ѓоковиќ беше дел од спекталот на „Лејвер Купот“, последното патување на Роџер Федерер во професионалната кариера. По завршување, српскиот тенисер го зеде микрофонот и одржа говор за Швајцарецот.

„Лејвер Купот е единствено натпреварување каде можете да играте заедно со најголемите ривали. Уживав во претходните денови. Јас, Роџер, Рафа и Мари невме на исто место, беше животно искуство. Велат дека вакво нешто никогаш не може да се повтори, но секогаш постои надеж дека Роџер може да се врати“, рече Ноле и ја дигна публиката на нозе:

„Дали ќе се вратиш? Погласно, бидете погласни за да може да ве слушне и тој“, рече Ноле додека публиката даде громогласен аплауз и даде поддршка на неговата идеја.

Новак на последниот дуел на Федерер не го чекаше крајот за да заплаче, тој тоа го стори за време на мечот, а камерите веднаш го фатија.

ПретходноКака: Најдобриот момент во Реал е кога Перез ми кажа дека можам да си одам!
СледноЏек Милер доминантен во Јапонија!