Несекојдневен инцидент се случи за време на Светското првенство во кошарка во женска конкуренција. Имено, Србија го победи Мали со 81:68 во четвртото коло од групната фаза, а по мечот додека српската кошаркарка Саша Чадо даваше изјава, две кошаркарки на Мали почнаа да се тепаат.
Тепачката се случи во микс зоната. Настана гужва, а потоа интервенираа и останатите кошаркарки, кои спречија уште поголем инцидент.