По завршувањето на Европскиот шампионат кој од 1. до 18. септември се одржа во четири различни земји, Светската кошаркарска федерација го направи и најновото рангирање на сениорските национални тимови.
Без особени промени изгледа листата во европската кошаркарска зона.
Со вкупно 195.3 освоени поени, Македонија е поставена на 28. место во европската зона, односно едно место подолу во однос на претходното рангирање на ФИБА.
Нашите противници во второто претквалификациско коло за Евробаскетот 2025, селекцијата на Данска е на 32.место на листата (179.7 поени), Словачка е 35, а Норвешка на позицијата број 39.
Што се однесува до оној вкупен светски рејтинг-поредок, нашата најдобра машка селекција е на 53. место.
Во изминатиот период, „црвено-жолтите“ имаа половичен ефект. Два порази во квалификациите за Светскиот Куп (против Шпанија и Украина), додека во текот на август дојдоа и двете победи во вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот 2025, против Данска на гостински и Словачка, на домашен терен.
Што се однесува за оние водечки позиции, без промени…
Првопласираните три репрезентации се истите позиции. Лидер во светскиот кошаркарски поредок остана САД со 760.7 бодови, а новиот европски шампион-Шпанија ја намали разликата, сега има нецели два поени помалку-758.9.
Австралија е на третото место со 741.1 поени, а место во првата петорка има и за Аргентина со 736.1 (три места понапред во однос на претходното рангирање) и „сребрените“ во Европа, селекцијата на Фрација која сега има 712.9 поени.