Кајри Ирвинг, една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, беше во центарот на вниманието на светската спортска јавност откако одби да се вакцинира поради Ковид-19. Тој стана еден од најпознатите антиваксери во светот, и затоа имаше проблеми со својот клуб Бруклин Нетс.
“Одлучив да не се вакцинирам и затоа загубив 100 милиони долари и нешто. Останав без четиригодишен договор. Се носев со емоциите додека се обидував да ја осигурам иднината на моето семејство. Сепак на крајот одлучив како што одлучив“ изјави Ирвинг.