МНР на Р. Македонија: Осуда за вчерашниот говор на омраза!

1231

По се она што се случуваше синоќа на Арената во Скопје, пред мечот Македонија – Бугарија и за време на истиот, се јави со реакција и нашето Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се вели дека осудуваат свирежите на химната на Бугарија и дека се осудува говорот на омраза.

Реакцијата на МНР ви ја пренесуваме во целост:

Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија. 

Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. 

Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи“ се вели во соопштението или реакцијата.

ПретходноРФМ ја исплати наградата на машката кадетска репрезентација за учеството на Шампионатот во Рига
СледноВлезот слободен за натпреварите од Суперкупот “Драган Василов – Цевка“ 2022