Летното засилување на Манчестер Јунајтед Тајрел Маласија призна дека не е задоволен од одлуката на селекторот на Холандија Луис ван Гал да го стави како централен бек на мечот со Белгија во Лигата на нациите. 23-годишниот лев бек призна дека никогаш не играл како централен бек, а се пожали дека селекторот го тера да игра како централен бек во тактиката со тројца во дефанзивниот ред.
„Значи не се согласувам со одлукaтa на Ван Гал. Повторувам, не се согласувам со неговaтa одлукa. По мечот разговаравме и му кажав тоа што имав да го кажам. Селекторот мисли дека можам добро да играм и како централен бек, но јас не се согласувам со него. Најдобро играм како лев бек и така треба да биде“, изјави поранешниот фудбалер на Феенорд.
Исто така тој објасни дека за време на „експериментот“, кој траеше само 45 минути, направил низа грешки, а често истрчувал напред и заборавал да се врати назад да покрие.