Холандски талент во проблеми со мафија, му запалиле Порше вредно 180.000 евра!

329

Холандскиот фудбалер Мохамед Ихатарен се најде во сериозни проблеми со локална мафија после трансферот во Ајакс. 20-годишниот фудбалер минатата година направи трансфер во Јувентус, но после неколку месеци „избега“ од Италија поради психички проблеми. Ајакс му пружи рака и тој дојде во Амстердам.

Меѓутоа се појавија други проблеми. Тој се спречкал со мафија поради неговата врска со девојка од сомнителна фамилија. Почнале закани, а во Ајакс му порачаа да не доаѓа на тренинзи и натпревари додека не ја реши ситуацијата. Тој пријавил и во полиција дека го следат сомнителни лица кои, наводно, му го запалиле автомобилот Порше Панамера вреден 180.000 евра. Оганот го зафатил и БМВ-то во сопственост на неговиот брат.

„Ова сигурно е од љубомора. За среќа тоа се материјални средства и се надополнуваат“, изјави младиот фудбалер.

ПретходноЕХФ потврди: Македонскиот шампион следната сезона се враќа во Лигата на шампиони
СледноШтета: Струмица Н. победи со 3:1, но не успеа да го добие „Златниот сет“ против холандскиот првак