Лазаров го објави поширокиот список за квалификациите за ЕП

298

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров објави список од 35 имиња за квалификациските дуели против Луксембург и Турција за место на ЕУРО 2024.

Македонија овој циклус го отвара на 12 ја пречекува селекцијата на Луксембург, додека четири дена подоцна и готува на Турција во Ван. Во нашата група се наоѓа и Португалија, а според системот за натпреварување на континенталното натпреварување место ќе обезбедат првите три селекции.

Ова се први квалификации во кои во составот нема да бидат Лазаров, Стоилов и Миркуловски…Популарниот Жути се врати да помогне за СП, додека првите двајца по завршување на претходниот циклус одлучија да стават крај на репрезентативните кариери.

ПретходноМЗТ Скопје ги пушти во продажба сезонските билети по цена од 2.000 и 2.500 денари!
СледноКолекционер: Жоел Ембид по францускиот, сега доби и американски пасош