ВМФЛ: Пелистер испушти победа во 92.минута, Гостивар и Вардар победија, Арсими броеше до ДЕВЕТ!

1530

Се одиграа шест од осумте натпревари во ВМФЛ од 6.коло. Најинтересно беше во Битола, каде во дербито Пелистер и Воска Спорт одиграа 1:1. Домашните водеа со 1:0 со голот на Драгарски во 7.минута, за Воска Спорт со гол во 92.минута на Емини успеа да остане непоразена. Треба да се каже дека на гостите им беа поништени три гол.

Гостивар со голот на Муарем Муарем во 48.минута дојде до победата на гости кај Слога Виница, додека Вардар дома со 2:0 го победи составот на Пехчево Скопје. Стрелци беа Попзлатанов во 3. и Мишковски во 45.минута.

Во Чегране екипата на Арсими предводена од стратегот Бјар Ислами со 9:0 го победи и го понижи Борец.

Мечот во Тетово не го доживеа својот крај. Имено при резултат 0:2 за Саса, домашен фан влета во терен и го удри гостинскиот фудбалер Бошко Ступиќ. Секако дека по ова мечот беше прекинат.

РЕЗУЛТАТИ – 6.КОЛО

АРСИМИ – БОРЕЦ 9:0

БЕЛАСИЦА – БЕСА 1:0

ПЕЛИСТЕР – ВОСКА СПОРТ 1:1

СЛОГА (В) – ГОСТИВАР 0:1

ТЕТЕКС – САСА 0:2 (ПРЕКИН)

ВАРДАР – ПЕХЧЕВО 2:0

ОХРИД – ДЕТОНИТ (12.10)

КОЖУФ – КАРАОРМАН (12.10)

 

ПретходноНаполи продолжува победнички, го „реши“ Торино во едно полувреме (ВИДЕО)
СледноМакедонија и во втората контрола поразена од Норвешка! (ФОТО)