Дани Карвахал, фудбалерот на Реал Мадрид, во вторникот беше во прес-салата пред натпреварот против Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите на УЕФА. Крилниот напаѓач, меѓу другото, му одговори на Чави Ернандез, кој во понеделникот зборуваше дека во Лигата на шампионите не секогаш трофејот го освојува најдобриот тим.
„ Мислењата се субјективни. Мислам дека кога сте освоиле пет ЛШ од последните девет, тогаш не можеме да зборуваме за среќа туку за квалитет“, рече Карвахал.
„ Во фудбалот не е се во среќата, победува оној кој постигнува најмногу голови и оној кој прима најмалку. Ние бевме најдобри во тоа. Тоа се резултатите. Имавме одлична сезона во Ла Лига и во Лигата на шампионите со подеми и падови, но бевме најдобри во клучните моменти. Не знам зошто за правда или неправда зборуваме само кога Реал Мадрид ќе ја освои Лигата на шампионите“, додаде Шпанецот.