Бутел сака да испише историја, сака пласман во групите на Европската лига!

133

Вечерва од 18:45 часот во СЦ “Борис Трајковски“, РК Бутел го игра реваншот од 2.квалификациско коло во Европската ракометна лига. Ривал е силниот тим на Алпла Хард од Австрија, состав кој во првиот меч успеа да забележи триумф од 26:21 на свој терен, па така математички вечерва гостите тргнуваат со разлика од плус 5 голови.

Алпла Хард да не заборавиме дека во првото коло го елиминираше вториот тим на Е. Пелистер, па така сега момците од Бутел ќе имаат шанса и за да го одмаздат клубот од Битола.

Факт е дека разликата е голема, посебно кога треба истата да се “брка“ против силен тим како Алпла, но исто така факт е дека мотивите на сите кај нашиот претставник во Европа се големи, тие се до небо. Бутел сака да испише историја, сака за првпат во клупската историја да избори пласман во групната фаза во некое европско натпреварување.

Шансата е тука, само таа треба да се искористи. Бутел се надева и на поддршка од трибините, токму затоа и влезот е слободен, се со цел да има што повеќе ракометни фанови кои ќе навиваат за нашиот тим.

Бутел верува, Бутел сака, Бутел може…да испише историја.

ПретходноПрвиот светски тенисер елиминиран во Казахстан во првото коло
СледноДа се наежиш – вака Ајакс го најави мечот со Наполи