Француските градови ќе го бојкотираат СП во Катар

203

Лил, Стразбур, Роде, Бордо, Марсеј и Париз соопштија дека ќе го бојкотираат СП во Катар што ќе се одржи на крајот на годината. Од таму кажаа дека нема да поставуваат големи екрани на плоштадите и нема да има групно гледање на натпреварите на Франција на Мундијалот или било кој друг натпревар на светскиот собир на најдобрите.

Одлуката е резултат на протестот поради непочитување на човековите права во таа држава односно лошото еколошко влијание.

„ Посветени на вредностите на споделување, солидарност во спортот и градење на поодржливо место, не можеме да го промовираме Светското првенство во Катар, кое е човечка и еколошка катастрофа“, се вели во соопштението на првиот човек на градот Марсеј.

Исто така француските градови се и против тоа што Мундијалот се одржува во зимскиот период.

ПретходноВо Борусија Дортмунд се шокирале кога ја виделе последната сметка за електрична енергија!
СледноУЕФА: Сите европски натпревари ќе започнат со минута молчење!