Фудбалерите на Ајакс вечерва го дочекуваат Наполи во ЛШ, а холандскиот тим на неверојатен начин го најави натпреварот. На социјалните мрежи ја споделија најавата за меѓусебниот дуел, а притоа допреа до срцата на навивачите на двата клуба.
Со графиката е искажана чест на покојните легенди Јохан Кројф и Диего Армандо Марадона, заштитни лица на Ајакс и Наполи.
Тие се нацртани како седат на тросед сместен во облаците и гледаат во телевизор кој го најавува дуелот во ЛШ.
„Јас сум навивач на Наполи и им симнувам капа за оваа фотографија“, напишал еден навивач на социјалните мрежи.
„Се наежив кога го видов ова“, пишува друг.
A legendary matchday.#UCL #ajanap pic.twitter.com/h4NPEnJUBo
— AFC Ajax (@AFCAjax) October 4, 2022