Како што инфоримираа попладнево од Шкендија, со младиот напаѓач и член на младта репрезентација на Македонија, Зани Назифи (17), потпишан е професионален договор.
Назифи важи за голем талент, потекнува од тимот на Црнилишта од Прилеп, но пред извесно време доаѓа во Шкендија. Тој веќе има неколку настапи за првиот тим на Шкендија.
“Ова е многу важен момент во мојот живот. Потпишувањето на професионален договор со клуб како Шкендија е остварување на сонот на секој млад фудбалер, и не само од нашата земја туку и пошироко. Останува да работам уште понапорно за да ја оправдам довербата“ истакна Назифи.