Олимпик Марсеј со прeсврт до прва победа, прв пораз за Спортинг (Л) (ВИДЕО)

73

Откако почна со задоцнување од скоро 20 минути, мечот број два од денешната програма во Лигата на шампионите кој се одигра пред празни трибини на стадионот „Велодром“ во Марсеј им припадна на домашните со пресврт.

Францускиот вицепрвак беше шокиран уште во 1. минута на мечот, кога Тринкао успеа да искористи шанса и да го доведе Спортинг (Л) во водство од 1:0. Одличните настапи на Португалците во првите две кола со овој гол беа надополнети, но се падна во вода по една очајна реакција на капитенот и голман на гостите Адан, кој исфрлувајќи топка од својот шеснаесетник го погоди Алексис Санчез кој постави нога и топката влезе во мрежата на гостите за 1:1 во 13. минута.

Три минути подоцна со голот на Харит домашните веќе минаа во водство од 2:1, а Адан направи уште една глупост во 23. минута и доби црвен картон, оставајќи ги своите соиграчи со играч помалку до крајот на мечот.

Французите тоа го искористија и со головите на Балерди (28’) и Мбемба (84’) го запечатија триумфот број еден во групата.


Standings provided by Sofascore

ПретходноБаерн изгледа страшно во ЛШ: Трета победа без примен гол (ВИДЕО)
СледноШокантно: Клоп не е веќе омилен кај фановите на Ливерпул! (ВИДЕО)