„Џокерот“ од клупата на Австрија Михаел Грегорич погоди во мрежата на Димитриевски во 78. минута за ново водство на Австрија на овој меч.
Убаво му центрираше Алаба, а Грегорич стигна пред Димитриевски и погоди. Австриецот голот му го посвети на Кристијан Ериксен.