Заедничко фото со Берлускони: Дали Златан испраќа некаква порака!?

245

И кога игра и кога не игра, кога е повреден како што е во моментов, Златан Ибрахимовиќ како мега спортска ѕвезда со своите 41 години, е следен на социјалните мрежи од милиони и милиони негови фанови. Секоја негова објава се рекламира, а Златан како балкански мангуп, иако е со шведски пасош, знае и то како да ги распламти духовите.

Па така тој на својот ФБ профил објави заедничка фотографија со Силвио Берлускони, некогашниот премиер на Италија и екс газда на Милан, со кого тимот од Милано ги имаше најголемите успеси во историјата.

И ништо чудно ако се знае дека Златан сега е под договор со Милан. Но треба да се знае дека него договорот му истекува во јуни, а Силвио сега е газда на Монца.

Е, па, видете сега.

Дали е оваа некоја си мистериозна порака на Ибрахимовиќ?

Историјата не може да се избрише…а иднината допрва ќе биде испишана“ напиша Златан на објавата каде е со Берлускони.

ПретходноПочина помошникот на Конте во Тотенхем
Следно„Умирам од рак, најтешко беше да им објаснам на децата, морам да го организирам погребот!“