Од тимот на Тотенхем предмалку објавија дека починал еден од помошниците во стручниот штаб на тренерот Антонио Конте. Се работи за кондицискиот тренер Џан Пиеро Ветроне, или попознат како „Маринец“ поради своите понекогаш сурови методи на тренинг и на физичка подготовка.
Тој пред само неколку дена дозна дека има леукемија, а имаше 62. години. Во Тотенхем пристигнал минатата година, а претходно долго работел во таборот на Јувентус пред се како помошник на Марчело Липи.
We are devastated to announce that fitness coach Gian Piero Ventrone has passed away.
He will be greatly missed by everyone at the Club and our thoughts are with his family and friends at this impossibly sad time.
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) October 6, 2022