Познати се судиите и за натпреварите во ВМФЛ за седмото коло, кои се играв викендов. Дербито се игра во Радовиш, во него се среќаваат Детонит Плачковица и Пелистер, а за главен судија е делегиран Игор Стојчевски од Скопје. Дуелот Гостивар – Беласица ќе го суди Александар Василевски од Скопје, додека во Македонска Каменица, каде Вардар и гостува на Каменица Саса, главен судија ќе биде Игор Иванов од Велес.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 7.КОЛО – САБОТА (14 Ч)
Детонит Плачковица – Пелистер: Игор Стојчевски (Скопје)
Борец – Охрид: Бењамин Керими (Скопје)
Караорман – Арсими: Влатко Илиоски (Прилеп)
Каменица Саса – Вардар: Игор Иванов (Велес)
Беса – Тетекс: Марјан Стојановски (Кичево)
Гостивар – Беласица: Александар Василевски (Скопје)
Воска Спорт – Слога (В): Александар Урошевиќ (Тетово)
НЕДЕЛА, 14 Ч
Пехчево Скопје – Кожуф: Фатмир Бафто (Охрид)