Англиски репрезентативец го крена гласот: Не е нормално ова што ни го правите!

785

Модерниот фудбал ги поместува границите, а англискиот репрезентативец Деклан Рајс смета дека тој ги поминал нормалните очекувања од фудбалерите. Тој пресмета колку натпревари одиграл оваа година и останал запрепастен од бројката.
Фудбалерот на Вест Хем одиграл неверојатни 68 натпревари за една година.
Пресметав и видов дека од јуни 2021 до јуни 2022 година сум одиграл 68 натпревари. Тоа е ненормален број на натпревари. Затоа не уживам во играта, не влегувам на вистински начин во натпреварите и не давам 100% од можностите. После секој меч сум скршен, не можам на време да се спремам за наредниот меч“, изјави Рајс.

Во ситуација кога неговиот клуб игра во Европа, а Англија ќе игра на СП во Катар, Рајс сака да биде здрав, а со ваков распоред тоа не е реално.
Тоа се многу натпревари за Вест Хем и Англија и не сакам да се повредам или да ми се случи нешто глупаво“, јасен е играчот на Вест Хем.

Тој во Премиер лигата одигра 36 натпревари, во Лига Европа 10 (Вест Хем стигна до полуфиналето на ЛЕ), три во ФА купот и еден во Лига купот. Потоа седум меча за Англија на ЕУРО 2020 и уште три во Лигата на нациите исто толку во квалификациите за СП и уште четири пријателски натпревари.

ПретходноЕ.Пелистер без големи проблеми го совлада Тиквеш
СледноЛуис Суарез го менува клубот по СП во Катар