Радовиш ги „испоти“ младите Пелистерци, но немаше сили за изненадување

67

Вториот тим на битолски Пелистер, малку потешко од очекуваното, вечерва стигна до победа над Радовиш во меч од 6. коло во Суперлигата. На домашен терен, избраниците на Александар Јовиќ славеа над Радовиш со 29:23 во меч во кој беше неизвесно се до завршните десетина минути на мечот.

Радовиш покажа дека не случајно е суперлигаш и одлично се држеше се до завршницата на средбата. Голманот Костадиновски беше одличен на голот на гостите и практично не му даваше на домаќинот резултатски да се одлепи многу рано во мечот.

За Е. Пелистер 2 ова беше четврта сезонска победа со која се израмни со Т. Пролет на второто место во групата.

ПретходноИдниот викенд почнуваат одбојкарските првенства во машка и женска конкуренција
СледноЕвропскиот шампион почна со победа: Анадолу Ефес во последната четвртина ја „реши“ Ц. Звезда