Тиквеш со двојна предност на полувреме против МЃП

62

Во првиот дуел од новото ПМФЛ коло викендов, тимот на Тиквеш на полувреме води против Македонија ЃП на домашен терен со 2:0. Иако противникот може слободно да се каже дека имаше повеќе од играта во првиот дел, сепак, Тиквеш е тој кој ги искористи своите ситуации.

Најпрво Карчески избега од лево, нафрли за Лазаров, а овој откако ја прими топката на гради прекрасно шутираше со волеј. На одбиената топка од голманот на МПЃ, налета Ивановски кој погоди за водство. Тоа се случи во 44. минута, а само шеесетина секунди потоа, по една брза контра Нгоба им избега на стоперите на МЃП и екстра пласираше за 2:0.

 

ПретходноКК Работнички добива 1,4 милиони евра: Со спонзорството на МТЕЛ ќе ја вратиме шампионската титула
СледноЕмбид бира помеѓу САД и Франција