Јуве на колена: Милан во мега – дербито покажа зошто е шампион! (ВИДЕО)

194

Милан – Јувентус 2:0 е исходот од мега – дербито во Серија А одиграно вечерва на “Сан Сиро“. Во една прекрасна атмосфера, домашните бодрени од своите фанови покажаа зошто се шампиони. Јуве добро почна, ја имаше иницијативата до 15. минута, но после тотално падна. Прво Леао со две погодени стативи ја“загреа“ атмосфератам за да потоа Томори во 45+1.минута успеа да го однесе Милан на пауза со заслужено водство.

Во вториот дел гостите од Торино се обидуваа да сторат нешто, но сепак момците на стратегот Пиоли покажаа квалитет, и во 54.минута со прекрасниот гол на Диаз поведоа со 2:0.

ПретходноЗахов: Шкендија со Ќато e нешто друго, одиме на победа и против Брегалница!
СледноАлкалоид со стил до триумф во Неготино, Езерското дерби за Охрид!