Морничави сцени се случија синоќа на натпреварот на колеџ фудбалскиот плејоф (НЦАА) помеѓу Мичиген и Индијана.
Помошникот на тренерот на Мичиген, Мајк Харт, доживеа мозочен удар на средината на натпреварот и итно беше префрлен во болница.
На Харт му се слошило на клупата. Набрзо станало јасно дека ситуацијата е сериозна и му била укажана прва помош на терен.
Според првичните информации состојба на 36-годишниот тренер е стабилна.
„Тој ќе остане во болница за понатамошна евалуација. Мајк е силно момче. Сите сме со него и тој ќе ја добие најдобрата можна нега. Неговото здравје е најважно во моментов“, рече тренерот на Мичиген, Џим Харбо.
Michigan’s RB coach Mike Hart collapsed on the sideline against Indiana.
Hope he’s ok. 🙏 pic.twitter.com/mxB9ntdZZp
— Bleacher Report (@BleacherReport) October 8, 2022