Алегри повторно со изговор: Престанавме да играме!

137

Јувентус повторно ги разочара своите навивачи, бидејќи загуби од Милан (2:0). Масимилијано Алегри повторно имаше изговори и објаснувања за поразот. Иако може да се види дека неговиот стил на игра не им одговара на играчите, управата на клубот се уште не реагира, иако веќе извесно време се шпекулира за негов отказ. Сигурно прикажаната партија не му оди во прилог.

Ова беше четврто гостување во Серија А во кое „Старата дама“ не успеа да победи, има по две ремија и порази.

„Игравме добро во првите дваесет минути и потоа почнавме да ја враќаме топката без причина. Можевме да ги спречиме двата гола. Имавме бројчана предност во нападот во неколку ситуации и потоа донесовме погрешни одлуки и на крајот за тоа плати висока цена. Мораме да реагираме и да победиме во Лигата на шампионите против Макаби во вторник“, рече Алегри.

Некои од промените на тренерот ги изненадија сите, како што е воведувањето на Мирети наместо Костиќ или Паредес наместо Локатели, а потоа тој го извади и Влаховиќ како најдобар стрелец на тимот и го претстави Кин. Тој не сакаше премногу да зборува за тоа, но се обиде да објасни што тргна наопаку во вторите 45 минути кога се очекуваше неговиот тим да тргне целосно во офанзива.

„Одигравме доста лошо во второто полувреме, пред се технички. Би рекол дека паднавме психолошки, ако се гледа според бројот на грешки. Нема многу што да се каже, направивме индентични грешки на двата гола. Не бевме доволно агресивни, не ги добивавме дуелите, повторувам мора да реагираме“.

ПретходноТренер доживеа срцев удар среде натпревар!
СледноЈапонците за малку ќе предизвикаа уште една голема трагедија на легендарната „Сузука“ (ВИДЕО)