Јапонците за малку ќе предизвикаа уште една голема трагедија на легендарната „Сузука“ (ВИДЕО)

221

Трката за Големата награда на Јапонија на легендарната Сузука беше прекината поради невреме по првиот круг. Црвеното знаме се појави на патеката и беше закажан нов старт, но дождот продолжи да врне силно и времето за старт на трката беше одложено.

Меѓутоа, организаторите на трката на познатата патека Сузука успеаја да направат огромен скандал бидејќи ја повторија грешката од 2014 година кога Французинот Жил Бјанки имаше тешка несреќа поради нивно невнимание.

Додека возачите кружеа по патеката, со исклучително тешка видливост, организаторите повторно испратија камион на патеката и предизвикаа бес кај сите.

Пјер Гасли беше оправдано навреден. Едвај го виде тракторот на патеката и за среќа на крајот се помина без несреќа. Гасли реагираше брзо и го искажа својот револт преку тимското радио, при што посочи дека можел многу лесно да заврши директно во тракторот.

ПретходноАлегри повторно со изговор: Престанавме да играме!
СледноПМФЛ: „Пандевци“ на мегдан со шампионот, скопски дуел на Автокоманда, Шкендија ја “мерка“ и Брегалница