ПМФЛ: Шкупи шампионски, Победа го понижи Силекс, без голови под Шара и Автокоманда

660

Иако мечот го заврши со двајца играчи помалку, Шкупи сепак успеа да победи во дербито и тоа во Струмица и тоа на гости кај А. Пандев. Победничкиот гол беше дело на Диен кој шутираше а топката од Цикарски се одби во домашната мрежа. Со ова продолжива црната серија на “пандевци“.

Победа со неверојатни 0:3 успеа да го победи Силекс и тоа на негов терен во Кратово. Фантастичен настап на младиост состав на прилепчани кои со головите на Стомнароски, Петејчук и Паноски просто го декласираа Силекс.

Многу шанси, многу зицери за Шкендија, но сепак Брегалница одолеа под Шара. Овој меч заврши без голови иако “сините“ крајот го дочекаа со играч помалку.

No description available.

На Автокоманда многу борба, неколку шанси за Работнички, една за Скопје преку Кировски, но крајот 0:0. По бод за двете екипи.

Да кажеме дека вчера Тиквеш со 4:0 ја победи Македонија ЃП, а во ова 10.коло слободен беше лидерот, тимот на Струга ТЛ.

РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО

А.ПАНДЕВ – ШКУПИ 0:1

(/Диен 52.)

ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 0:0

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0:0

СИЛЕКС – ПОБЕДА 0:3

(/Стомнароски 45., Петејчук 90., Паноски 90+4.)

ВЧЕРА:

ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:0

СТРУГА ТЛ (СЛОБОДНА)

ПретходноИкер Касилјас: Јас сум геј!!!
СледноКК Пелистер по поразот од Гостивар со реакција!