Удинезе стигна до реми иако губеше со 0:2, Монца врза три победи без примен гол (видео)

73

Во интересен и возбудлив меч, Удинезе и Аталанта одиграа 2:2 во Удине во 9.коло во Серија А. „Црно-белите“ за кои не играше Илија Несторовски (го преседе мечот на клупата) успеаа да стигнат до реми иако губеа со 0:2.
Лукман во 36. минута и Муриел од пенал во 56. минута и донесоа предност на Аталанта, меѓутоа во финишот домашните се извлекоа. Во 67 минута Делофеу намали, а во 78. минута Нико Перез го изедначи резултатот.
Ова е трето реми за Аталанта која има 21 бод (6 победи, 3 ремија), додека Удинезе има 20 бода (6 победи, 2 ремија и 1 пораз).

А Монца стигна до третата победа во низа без примен погодок. По триумфот над Јувентус (1:0), следуваше победа на гостувањето кај Сампдорија (3:0), а денеска е совладана Специја со 2:0 со головите на Карлос Агусто и Пабло Мари.

На другите натпревари. Торино – Емполи 1:1, Салернитана-Верона 2:1.

ПретходноЧаирчани тргнаа со победа – го освоија Куманово
СледноВест Хем победи, Скамака е најефикасен Италијанец во Европа (видео)