„Се надевам дека ќе ме респектирате: Јас сум ГЕЈ“, осамна како статус на профилот на Икер Касиљас на Твитер. Тоа ги збуни неговите следбеници, а поранешниот играч на Барселона Карлес Пујол дури реагираше на таквиот „твит“ на својот пријател со порака: „време е да кажеш за нас, Икер“ со насмевка.
Но овие пораки беа тргнати од профилот на поранешниот голман на Реал и репрезентацијата на Шпанија. Тој објасни за што се работи.
„Мојот профил е хакиран. Сега се е во ред. Им се извинувам на сите мои следбеници. И исто така им се извинувам на ЛГБТ заедницата“, објасни Касиљас чиј „генериран твит“ доби неверојатни 200,000 лајкови за речиси еден час.
Cuenta hackeada. Por suerte todo en orden. Disculpas a todos mis followers. Y por supuesto, más disculpas a la comunidad LGTB. 🙏
— Iker Casillas (@IkerCasillas) October 9, 2022