Ракометната репрезентацијата на Саудиска Арабија е во Скопје. Екс-тренерот на ЖРК Вардар, сегашен предводник на оваа земја, Јан Питлик одлучи да дојде во нашиот главен град, да одржи тренинзи и да одигра неколку контроли.
Саудиска Арабија ќе тренира во СЦ „Јане Сандански“, а ќе одигра еден пријателски натпревар со мешаниот состав од тимовите на Алкалоид и Мулти Есенс, поточно оние играчи кои нема да бидат во сениорскиот и кадетскиот репрезентативен состав.
Данскиот стратег на клупата на ЖРК Вардар беше во сезоната 2015/2016 кога македонскиот тим го освои третото место на фајнл-фор завршницата во Будимпешта.










