Ниту новата Македонија не простува, Луксембург „демолиран“ по 30 минути!

396

Македонската ракометна репрезентација води против Луксембург по првото полувреме со 18-7. Ова е прв меч од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година, прв без Лазаров, Стоилов и Миркуловски.

Младите сили заедно со дел од искусните беа гладни да се докажат и да покажат дека не случјано го носат „црвено-жолтиот“ дрес.

Митревски запиша осум одбрани, додека Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски имаат по четири гола.

Новата Македонија со три гола во низа го отвори дуелот, Талески, Серафимов и Ѓорѓиев беа реализатори. Противникот после 3:40 минути игра го постигна првиот погодок, откако нашите момци не искористија да зголемат на плус четири.

Гостите до голот доаѓаа благодарение на грешките на „црвено-жолтите“, кои пак предводени од Никола Митревски, кој нанижа пет одбрани (една од седум метри), поведоа со 16-4 во 24 минута. Македонија направи серија од 10-0, а противникот речиси 12 минути беше без постигнат гол.

После долго време, Луксембург успеа да постигне гол за 16-5, но истиот веќе ништо не значеше. На одморот резултатот е 18-7.

Инаку мечот почна со минута молчење во чест на Славе Атанасовски – Чаве и Андон Бошковски, кои го напуштија овој свет.

ПретходноСимеоне одговори на прашањето дали ќе го напушти Атлетико
СледноНекогашниот шампион на Австралија опен дебитираше во Еврокупот