Барселона официјално објави дека за претстојното „Ел Класико“ против Реал Мадрид тимот ќе излезе со специјални дресови. Големата пресметка е закажана за в недела, а новите дресови со кои ќе играат Каталонците се разликуваат само во логото на предната страна.
На местото на логото на нивниот главен спонзор „Спотифај“ ќе се појави ликот на був, кој се поврзува со канадската поп ѕвезда Дрејк. Причината за овој потег е тоа што пејачот стана првиот изведувач кој достигна 50 милијарди преслушувања на неговите песни на музичката платформа.
Barcelona will wear shirts with Drake’s OVO logo in the El Classico…
He’s the first artist to hit 50b streams on Spotify 😮💨 pic.twitter.com/FsVfqrtEL0
— Football on BT Sport (@btsportfootball) October 14, 2022