Пред почетокот на Мундијалот во Катар, оваа исклучително конзервативна муслиманска земја, мораше да направи какви такви одстапки и да се либерализира до некаде со оглед на милионите навивачи кои ќе пристигнат.
НАсер Ал Катер, шефот на организацискиот одбор објави дека на хомосексуалците ќе им бдие дозволено да се држат за рака на јавни места, но притоа ќе мора да се однесуваат пристојно.
Исто така, алкохолот кој инаку е забранет во оваа земја, ќе смее да се консумира за јавни места и дека че бидат направени специјални шатори, центри за отрезнување во кои навивачите кои се во алкохолизирана состојба ќе можат да си дојдат при себе, ќе им биде укажана лекарска помош доколку им е потребна, и нема да бидат уапсени како што е тоа вообичаено кога во Катар некој ќе се напие алкохол.