Нашиот следен противник на Еуро 2020, селекцијата на Украина, синоќа со поразот од Холандија (3:2) повтори антирекорд на поранешна Југославија. Имено, Украина е во серија од шест порази на Европските шампионати, нешто што досега беше запишано како најлош резултат на ЕП од страна на репрезенрацијата на поранешна Југославија.
Од 2012 година, Украина не успеала да освои ниту бод на ЕП. Истото постигнување го имаше екс-Југославија во периодот од 1968 до 1984 година.