Бразил ја победи Венецуела со 3:0 во воведниот натпревар на Копа Америка. Составот на Венецуела беше сериозно променет откако 12 члена на делегацијата имаа позитивни тестови за Ковид-19 пред почетокот на настанот.
Сите се асимптоматски и се изолирани во посебни простории и ќе бидат под медицински надзор. Головите за Бразил ги постигнаа Маркињос, Нејмар и Габриел Барбоса.
Во вториот меч на стартот на првенството на Јужна Америка, Колумбија го победи Еквадор со 1-0, иако и тие имаат позитивни на Ковид-19, но само двајца. Победничкиот гол за Колумбија беше дело на Кардона во 42. минута.