Малиот клуб од престолнината на Германија, Унион Берлин ја совладаа Борусија Дортмунд со 2:0 во еден до дерби дуелите на 10. коло на германската Бундеслига и со тоа се осами на врвот на табелата.
Во првите 10 кола У. Берлин собра 23 бода, а со оваа победа само потврди дека може да биде вистинска сензација оваа сезона во Германија. Домашниот тим го реши прашањето на победникот по само 21 минута, откако Јанико Хаберер, кој летово пристигна од Фрајбург, ги постигна и двата гола за убедлива предност на домашните која ја задржаа до крајот на мечот.
Standings provided by Sofascore