Пелистер на тест против Саудиска Арабија

231

Екипата на Пелистер до стартот на Европската лига немаше посериозни мечеви за да тренерот Ларс Валтер види со какви сили ќе располага токму за ова натпреварување. Токму затоа вечерва (20 часот) со СЦ „Јане Сандански“, битолскиот тим ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија која во Скопје е од минатата недела.

Добро е познато дека во стручниот тим на Саудиска Арабија е екс-тренерот на ЖРК Вардар, Јан Питлик. За оваа репрезентација ова ќе биде втора пријателска средба против македонски тим, претходно играше против комбиниран состав на Алкалоид и Мулти Есенс.

Пелистер веќе во вторник го игра првиот меч на европска сцена за противник го има тимот на Архус.

ПретходноБензема „распали“: За мене Реал е најдобар во светот, а вие своите награди дајте ги на кого сакате!
СледноГостивар по изненадување во Скопје, МЗТ по „билдање“ на самодовербата за АБА-предизвикот!